Западот пати за Украина, ама долговите остануваат да се плаќаат

Украинските власти бараат начини како да го преструктуираат долгот што го имаат кон светски финансиски институции, затоа што се сред војна и ем немаат пари, а и тие што ги имаат за друго им се планирани.

Украина има рок до 1 септември да плати 1,4 милијарди долари камати и рати за обврзници.

Земјата на проблемот работи заедно со ММФ, кој им нуди „совети и анализи“. Една од опциите што ја размислува Украина е „барање согласност“, што подразбира барање од издавачот на обврзницата до сопственикот на обврзницата за коригирање на условите на под кои е издадена хартијата од вредност.

Втората опција е искористување на запленетите руски средства „меѓутоа за сега не е јасна правната изводливост на ваквата идеја“.

ММФ на почетокот од март одобри итен заем за Украина од 1,4 милијарди долари, а истовремено го откажа и стендбај аранжманот со фондот, кој имаше уште 2,2 милијарди долари за исплата од 5-те милијарди одобрени во 2020.

Украинските доларски и евро обврзници се тргуваат во минус од над 40%.

Украинската централна банка проценува дека економијата на земјата годинава ќе се намали за најмалку 30%, а под сериозен притисок е и вредноста на гривната.

4 јули 2022 - 11:57