Војската не ги разболува луѓето, такви ги прима

Секој петти американски војник имал ментална болест уште пред да биде регрутиран, открива американската армија додека го истражува бројот на самоубиства меѓу своите војници.

Како дел од едно истражување Армијата спроведува 3 различни студии. Во првите 2 учествуваат 5.428 војници, а нивни теми се Ментални болести меѓу војниците кои се уште не биле распоредени и Самоубиственото однесување на војниците кои се распоредени на војните жаришта. Третата студија ги тестира најчестите теории за бројот на самоубиства меѓу војниците, користејќи ги историските податоци.

Главна поента од студиите е дека секој 5-ти војник имал некаков вид на ментална болест пред регрутацијата, но и покрај тоа тој успеал да ги мине армиските прегледи. Најчесто било пореметувањето кое се карактеризира со екстремно изразување гнев (IED), кое кај потенцијалните регрути било 6 пати почесто отколку кај остатокот од цивилната популација.

Останатите проблеми како депресија, зависност од супстанци и вознемиреност биле на цивилниот просек.

5 март 2014 - 15:00