Војската на САД: Убивме 188 цивили во Сирија

Прелиминарна проценка на американската војска вели дека во нивните воздушни напади во Сирија загинале најмалку 188 цивили. Не им се прокнижени уште неколку напади но и заедно со тие жртви, пописот им е нашминкан, велат независни извори.

Американската војска призна 188 недолжни жртви на своите воздушни напади во Сирија и Ирак кои започнаа во 2014 година. Во билансот не се процесирани уште 5 напади од 2016 и еден воздушен напад од 2015 година.

Воената проценка на САД е далеку под реалните бројки, сметаат независни групи кои се занимаваат со темата. Една од нив е Air Wars која ги мониторира цивилните жртви на меѓународните воени операции според која од американските бомби и проектили загинале најмалку 2.100 недолжни лица.

Од штабот на операциите соопштија дека добиле пријава за дополнителни 16 извештаи од кои 5 се покажале како кредибилни дека однеле колатерални жртви а дополнително се проценува и оној напад од финишот на годината кога наместо борци на ИСИС се погоди паркинг простор.

САД и коалиционите партнери досега извеле 17,005 воздушни напади; 10,738 во Ирак и 6,267 во Сирија. Воената операција досега ги чини преку 10 милијарди долари.

Војската соопшти дека жали за жртвите.

4 јануари 2017 - 12:16