Војската му покажа на Ким Џонг Ун колку ќотек може да издржи

Пред цела трибина накитени генерали, функционери и најважниот човек во Северна Кореја, некои од  најподготвените војници на армијата покажаа на што се окоравувале периодов.

Да нема заблуди сè што покажаа вистински беше за воодушевување и вистински болеше, ама па е и вистински излишно во време кога сите трупаат прекуокеански ракети а војни се водат со дронови.

На видеото од презентацијата, војници на севернокорејската армија кршат керамиди или бетонски плочи со глава и боксови; ставаат рака над цигли па колега со токмак ги мава по раката за да ги скршат циглите; лежат на стакло дур врз нив се крши бетонски блок; а од еден среќник кршеа само летви.

Видеата се дел од показните вежби за самоодбрана, кои беа дел од поголемата презентација на нови нуклеарни и други оружја, вклучително и хиперсоничните оружја што Пјонгјанг ги тестираше минатиот месец.

Во својот говор Ким изјави дека гради „непобедлива“ армија која ќе се спротивстави на постојаното американско непријателство, а не за обновување на непријателството со Јужна Кореја.

14 октомври 2021 - 10:19