Велика Британија:

Во пензија да се оди на 75 години

Британските Ториевци имаат план да ја покачат старосната граница за одење во пензија, од сегашните 67 на дури 75 години. Тоа го предлага тинк-тенкот на Јан Данкан, омилениот тинк-тенк на Борис Џонсон. 

Центарот за социјална правда проценува дека Британија не ќе може да го издржи актуелниот план за постепено покачување на старосната пензија за одење во пензија и дека тој мора да се забрза и прошири. Според темпото кое сега е на сила, во 2028 таму во пензија ќе се одеше на 67, а до 2046 на 68 години.

Нивните бројки велат дека државните пензии веќе експлодирале, од 17 милијарди фунти во 1989 година до 92 милијарди фунти денес. Од 10 фунти кои денес се даваат за социјални давачки, 4 се за пензија.

Нивниот предлог е во 2028 година, во пензија да се оди на 70, а во 2035 година на дури 75 годишна возраст. Првите генерации кои ќе бидат засегнати од ваквата промена ќе бидат оние родени меѓу март 1961 година и април 1977 година. 

„“Ова е одличен начин да се заштедат јавните пари но е тешко да се одработи. Во земјава постојат големи разлики меѓу очекуваниот животен век на луѓето и мора да постојат можности некои од нив предвреме да отидат во пензија“, вели поранешниот министер за оваа област, Рос Алтман.

Тинк-тенкот на Јан Данкан, некогашен лидер на Ториевците и секретар за социјално е организација од која ториевските влади често позајмувале и реализирале идеи. Така беше со нивната идеја за Универзален кредит во 2009 година која владата на Камерон ја прифати само една година подоцна.

Во нивниот последен извештај се тврди дека постојат милиони Британци на возраст за пензија на кои уште им се работи, само што не можат да најдат газди кои би ги вработиле.

16 септември 2019 - 12:37