Во Британија кафанџиите бркаат политичари од паб

Британиски политичар е избркан од паб од сопственикот затоа што гласал за затворање на пабовите, плус и генерално не си ја вршел работата како што треба.

За разлика од тоа како е претставено во видеото на БиБиСи, настанот има обратен тек, во кој ко-сопственикот прво му објасни на Кир Стармер, лидерот на лабуристите, дека како гласач на лабуристите е незадоволен од тоа што партијата го направила за време на кризата.

По ова, Стармер влегува во пабот каде има однапред договорена посета со другите сопственици, по што се случува инцидентот. Подоцна пабот преку својата Твитер сметка му се извини на Стармер, и дополни дека изјавите на ко-сопственикот се лични.

Запрашан зошто го избркал Стармер, ко-сопственикот Род Хамфрис, изјавил дека разбрал дека лабуристите како дел од кампањата ќе минуваат и во тој дел, па кога се појавил нивниот лидер „тој му кажал тоа што го мисли за него“.

„Мислам дека тој комплетно разочара како лидер на опозицијата. Тој целосно ги пропушти прашањата што требаше да ги постави, зошто толку лесно се откажавме од претходните мерки за подготвеност за пандемија.

Зошто сите едноставно го прифативме ставањето клуч? Зошто го прифативме губењето на сите нашите слободи,“ изјавил Хамфрис.

 

20 април 2021 - 16:41