Виетнам има 97 милиони луѓе. И нула ковид жртви.

Изгорени од претходните епидемии и поучени од искуството дека во случај на голема беља, никој друг нема да им помогне освен самите себе, Виетнам почна да се подготвува за коронавирусот уште кога СЗО тврдеше дека не се пренесува од човек на човек. И плус комунизам. 

Кога се зборува за успешни примери на справување со пандемијата на далечниот исток, обично се мисли на Јужна Кореја, Хонг Конг или Тајван. Но Виетнам навистина е еден импресивен пример за тивок херој во оваа глобална битка.

Имаат население од 93 милиони луѓе, само 328 регистрирани случаи на ковид-19 и ниеден починат иако со Кина делат граница долга околу 1.400 километри и примаат милиони посетители од Кина секоја година.

Ако за ваквите ниски бројки некој помисли „лажат тоа комунистите“, постојат независни извори, лекари и западни експерти кои работат таму и кои потврдуваат дека земјата навистина ја има зауздано заразата.

Не е сè во парите. Луѓето имаат ниски до средни приходи а земјата има 8 доктори на 10.000 жители (Јужна Кореја, на пример, има три пати повеќе).

По тринеделна вонредна состојба, Виетнам во април ги дигна рестрикциите, школите и бизнисот работат а 40 дена не е забележан нов кластер во земјата. 

Ваквиот епилог се должи на неколку фактори, меѓу кои раниот старт. Земјата почна да се подготвува за коронаривусот со недели пред да биде забележан првиот случај, во време кога и Кина и Светската здравствена организација тврдеа дека не постојат случаи на пренесување од човек на човек. Рано во јануари властите мереа температури на аеродроми и гранични премини, изолираа болни и стриктно ги мониторираа. По првиот случај кој им дојде од Вухан, итно беа забранети летови од таа дестинација а три дека пред СЗО  да го ескалира степенот на опасност, на вонреден конгрес на владечката комунистичка партија беше објавена војна против вирусот. 

„Војната против вирусот е војна како и против секој друг непријател,“ ќе изјави на конгресот премиерот на Виетнам.

Една од најимпресивните особености на нивниот систем е способноста да ги следат и мониторираат контактите на болните и потенцијалните носители на вирусот. Имаат 63 регионални центри за заразни болести, преку 600 општински центри и над 11.000 локални одделенија за истата намена.  Виетнам е уникатна земја која успеваше да изолира и тестира не само непосредни контакти на носителите на вирус туку и да оди неколку спотери подалеку.

Кога во најголемата болница во Ханои беше детектиран кластер од дузина случаи, освен што таа веднаш беше затворена, надлежните служби успеаја од вработените, пациентите и посетителите на болницата да лоцираат неверојатни 100.000 луѓе кои се потенцијална опасност за ширење на заразата. И сите биле ставени во домашна изолација со блиско следење на развојот на нивната ситуација.

Искуство со заразни болести земјата гради уште од 2002 и 2003-та година кога ги наваса САРС по што следеле неколку сериозни бранови на грип. Заради сето тоа, луѓето генерално се посвесни за опасностите од заразните болести, многу повеќе од опуштените и самоуверени граѓани на западните земји како во Европа и САД.

А тука се и властите со глупи но заразни песнички да ја подигнат свеста, како што е овој државен корона хит кој има 48 милиони прегледи на Јутјуб..


 

 

 

 

 

 

30 мај 2020 - 12:49