Вашингтон ѓурулти калабалак

Нели турскиот претседател во посета на САД. Нели таму на секоја посета на некој државник ќе се најде некој да протестира против неговата политика. Е па, не може тоа така, мислат бодигардите на Ердоган. Им влегоа и ги затепаа, среде Вашингтон.  

Инцидентот настанал пред резиденцијата на турскиот амбасадор во САД. Прв рака потегнал некој од обезбедувањето кога видел курдско знаме меѓу демонстрантите. 9-мина се повредени, двајца се притворени.

 

17 мај 2017 - 09:38