Вагоните со мртви руски војници

Ал Џезира објави репортажа за бројните паркирани вагони-ладилници во кои тврди дека украинската војска ги чува телата на загинатите руски војници кои никој не ги побарал да ги подигне.

Според украинската војска во војната до сега загинале неверојатни 24.000 руски војници, додека руското министерство за одбрана има идентично неверојатна бројка од само 1.300 загинати руски војници.

Телата главно се собрани по руското повлекување од околината на Киев, и сега чекаат во паркирани ладилници на украинската железница некој да дојде и да ги подигне.

Украинците не даваат рок до кога ќе ги чуваат телата, само дека ќе ги чуваат додека е потребно, а после тоа ќе ги „закопаат на сопствен трошок“.

 

13 мај 2022 - 14:54