Украина, сè наопачки

Сега кога победи демократијата и про-европската опција, кога избега забеганиот злотвор Јанукович а се врати Тимошенко и нејзината домаќинска плетенка вредна повеќе стотици милиони евра, да видиме што сè се случува/ше таму а тешко е да се објасни со црно-белата слика која доминираше со глобалните вести од Украина.

Документарец на тројца Украинци за случувањата во Киев за кои малку се зборуваше. Демонстранти пукаат од пиштоли, брутално претепан полицаец, борци за слобода уништуваат автомобили.

* Украинските Анонимус хакнале аканти од електронска пошта кои ги сметаат за докази дека Запад го финансира и го контролира водачот на довчерашната опозиција Вуталиј Кличко (тука)

* Што има ново? Има многу ново. На пример, на дело е легитимирање на улици. Ама не легитимираат полицајци граѓани, туку обратно:

А и не мора да сте полицаец за да сте сомнителен. Доволно е да снимате со камера и да наидете на некој агилен чичко со стап во рака кој се прогласил за чувар на редот а вас ве прогласува за провокатор.

Не се сите одушевени од победата на про-западните сили. Во Крим се одвива регрутирање на добороволци за "самоодбрана од окупација".

Дел од мозаикот на победничката коалиција која го симна автократот Јанукович е и партијата Слобода. Нејзини членови и парламентарци во август минатата година организираа вистинска наци процесија за повторно закопување на загинатите членови од украинската СС дивизија Галиција. 

Ние навиваме за ова:

25 февруари 2014 - 13:57