Украина има изгубено повеќе војници отколку што Британија има вкупно пешадија

Британската армија во 2021 има вкупно 18.000 припадници на пешадијата. За четири месеци војна, Украина има повеќе загинати војници.

Џек Ватлинг, од Ројал јунајтед сервисес институтот, за време на Конференцијата за копнено војување во Лондон, го објавува својот заклучок дека повеќе украински војници загинале, отколку што тие дома, Британците, имаат пешадија.

Војната во Украина тера повеќе од четири месеци и двете страни упорно избегнуваат да кажат по колку луѓе им загинале на борбите.

Единствената бројка што ја призна Русија е 1.300 загинати (НАТО излезе со бројка дека само во првиот месец се 40.000), додека Украинците уште не излегуваат со официјална бројка, меѓутоа последниов месец признаа дека секој ден губат се повеќе војници.

Една ретка бројка која дојде од Украинците беше од еден од највисоките функционери на партијата на Зеленски, Давид Арахамиа, кој за Аксиос изјави дека секојдневно по 1.000 украински војници гинат од артилериските баражи на руската војска во Донбас.

2 јули 2022 - 18:11