Турција ќе дозволи секс со малолетничка, ако потоа ја ожениш?

Турските парламентарци дадоа првична поддршка на законот кој ќе им дозволи на мажите да се извадат од обвинение за секс со малолетничка, доколку потоа се оженат со девојката. Освен женењето, втор критериум во законот е дека односите треба да бидат без „насилство и закани“.

Луѓето што го предлагаат законот, од АКП партијата на Ердоган, објаснуваат дека целта не е некој да се амнестира од секс со малолетнички, туку да се „рехабилитираат оние кои не знаеле дека нивните сексуални односи не се законити - и да се спречи девојките кои имаат секс пред 18 годишна возраст да се чувствуваат отфрлени од околината“.

Додека законот предизвика протести на улиците на Истанбул, по основа дека тој само ќе ги поттикне мажите да силуваат, владата се надева дека поддршката ќе ја добие од посиромашните области во земјата, каде девојките се мажат многу млади и каде стапката на сексуално малтретирање е повисока.

Моментално околу 3.000 мажи се осудени за секс со девојки под 18 години. Доколку законот се изгласа, а тие ги оженат своите жртви, нивните затворски казни ќе бидат укинати.

Критиката на законот е дека тој легитимира силување и брак со деца, додека истовремено ги амнестира мажите свесни за тоа што го направиле.

„Сексуалната злоупотреба е криминал и во неа нема никаква согласност. Тоа е она што АКП не го разбира. Барање согласност од дете е нешто што законите не го опфаќаат,“ објаснува опозицискиот пратеник од Републиканската народна партија.

23 јануари 2020 - 10:15