Трамп нема крај

„Ние сега сме БРОЈ ЕДЕН во Универзумот, со голема разлика!!“ напиша Трамп на Твитер пред да стапне на швајцарско тло каде треба да се сретне со останатите светски лидери.

Американскиот претседател пристигна во Давос во време кога во неговата родна грутка во тек е процесот на негово отповикување.

Сите дилеми околу неговата агенда во Давос, Трамп ги разреши исто така на Твитер порачувајќи дека неговата намера е да „донесе добри политики и дополнителни стотици милијарди долари назад во Соединетите Американски Држави.“

Летот до Швајцарија тој го искористи и за дополнително твитање, посебно да потсети на „фејк новинските медиуми“ кои постојано избегнуваат да зборуваат за тоа колку е добра и напредна економијата на САД во време на неговиот мандат.

Говорот на Трамп во Давос е закажан за 11:30 часот.

21 јануари 2020 - 10:12