Тајните правила за Обама и Ромни

На страна тоа што го пишува во официјалните норми за секоја од претседателските дебати, двете кампањи потпишале таен меморандум со Комисијата за Претседателски дебати, во кои ги уредуваат правилата за дебатите. Од типот - Комисијата треба да се потруди никој од кандидатите да не се испоти.

Меѓу правилата:

Не смее директни прашања - Кандидатите не смеат да си поставуваат прашања еден на друг, како "А што направивте вие со... " или "Зошто гласавте за ..."

Обраќање - На Обама модераторот ќе му се обраќа со "Г-дин Претседател" или "Претседателот Обама," а на Ромни со "Гувернер" или "Гувернерот Ромни." Кандидатите не смеат да се обраќаат еден на друг.

Публика - единствено втората дебата (на 16-ти октомври) ќе има публика, која за време на целиот настан нема да смее да аплаудира, да зборува или на кој било начин да учествува во дебатата. Единствено одбрани членови на публиката ќе можат да постават прашање (коe пред почетокот треба во писмена форма да му бидат доставенo на модераторот), но потоа ќе мораат да се воздржат од какво било учествување во дебатата или поставување потпрашања.

Без додатоци - двајцата кандидати нема да смеат да користат никакви додатоци за време на дебатите (пауерпоинт, мапи, табели и слично). Единствено достапни ќе им бидат листови хартија и пенкало или молив ако сакаат да запишат нешто.

Без емоции на ТВ - на ТВ преносот не смее да има меѓукадар од реакциите на кандидатот кој не одговара на прашањето, додека другиот одговара или додека ја дава завршната изјава.

Во меморандумот се оди до детали и за тоа во какви столици ќе седат кандидатите (режисерски), која ќе биде нивната позиција во однос во модераторот, дека секој пред нив ќе има чаша вода и кој им е опсегот на движење (за дебатите во кои ќе стојат). Најмалку 10 дена пред дебатата, Комисијата треба до двете кампањи да го поднесе распоредот на камерите во салата за да добие одобрување.

За тие што се заинтересирани за правење претседателски дебати, еве го правилникот:

The 2012 Debates - Memorandum of Understanding Between the Obama and Romney Campaigns