Стотици Роми товарени на автобус и депортирани од руско село по убиство на Русин

На 13-ти јуни годинава се случува масовна тепачка меѓу жителите селото Чемодановка и тамошните Роми. Во тепачката загинува еден Русин. Следниот ден Русите одржуваат масовен протест. Два дена подоцна почнуваат да ги палат ромските куќи.

По ова, група од околу 650 до 900 Роми (различни извори различно пренесуваат) кои живеат во околината на Чемодановка и соседното село Лопатки, регион Пенза на исток од Москва, се качени на автобус и преселени во Волгоградскиот регион на околу 500 километри од дотогашното живеалиште. Во друга варијанта на сторијата, Ромите сами се качуваат на автобус и превентивно заминуваат.

Од погребот на 34-годишниот Владимир Грушин

Тамошните власти изјавиле дека ромската дијаспора во Волгоградскиот регион се согласила да им даде засолниште на Ромите од Чемодановка, дополнувајќи дека властите на селото ќе разгледаат како воопшто било дозволено Ромите да направат населба во нивната околина.

Една од шпекулациите е дека тепачката била предизвикана затоа што локалците имале проблем со сексуално малтретирање од страна на Ромите.

По иселувањето околу 90 ромски куќи се оставени напуштени. Запрашани за можното враќање на Ромите локалците се на два памета: тоа нема да се случи скоро и тоа нема воопшто да се случи.

19 јуни 2019 - 10:38