Што му се случи на мостот во Џенова?

За експертите прерано е да се знае што точно го предизвика рушењето на Моранди мостот во северно-западна Италија во кој загинаа најмалку 35 лица, ама имаат приближна претстава како најверојатно катастрофата се има случено.

Во несреќата 80-метарски дел од мостот на кој во тој момент има 30 возила се откачува и паѓа од висина од 100 метри. Паднатиот дел за малку не ги закачува околните куќи и згради.

Генерално објаснувањата се движат околу невообичаениот дизајн на мостот, тековните поправки и неодамнешното невреме што се случуваше во регионот.

Мостот пред рушењето

Поранешниот претседател на британската Институција за структурни инженери, Иан Фирт, објаснува дека 1 километар долгиот мост изграден во 1960-те го држат две А-рамки користејќи кабли засилени со бетон.

„Како што овој засилен бетонски мост е во функција над 50 години, можно е дека корозијата на сајлите и на засилувањето да придонело кон рушењето. Дополнително, тековната работа на мостот може но и не мора да е одговорна за колапсот,“ објаснува Фирт.

Други инженери изразувајќи жалење околу трагедијата, објаснија дека таа ќе им послужи на следните генерации инженери да видат каде биле направени грешките.

Уште од 1970-те мостот често пати се поправа, а во 90-те на него се спроведува „комплексна интервенција која вклучува поставување на конвенционални носечки челични кабли.

Во 2016 професорот Антонио Бренчич од Универзитетот во Џенова кој специјализира на градби со армиран бетон, сега паднатата делница ја нарекува „инженерски неуспех.“

„Мостот е погрешен. Порано или подоцна тој ќе мора да биде заменет. Не знам кога. Ама ќе дојде време кога цената за негово одржување ќе биде повисока отколку замената,“ изјавува Бренчич во 2016 за италијанскиот Примоканале.

 

15 август 2018 - 11:03