Саудиска принцеза доби условно за тепање водоводџија во Франција

Хаса бинт Салман е сестра на актуелниот престолонаследник на Саудиска Арабија, која некако сфаќа дека нејзиниот кралски статус важи и на другата страна на светот, во Париз.

Се работи за инцидент од септември 2016, кога 42-годишната Хаса му наредува на својот телохранител да го претепа водоводџијата што бил дојден на интервенција во апартманот во Париз. Бидејќи е наредба од принцеза, тој го претепува водоводџијата, не му дозволува да си замине и го навредува.

Пред да се случи сето ова принцезата го фаќа водоводџијата, Ашраф Еид, како фотографира кај нејзе во стан. По фотографирањето и ќотекот, Еид на принцезата и пуштил фактура од 21.000 евра, за работата што таму ја завршил.

Принцезата во отсуство е осудена на 10 месеци условно и 10.000 евра казна. Телохранителот добива 8 месеци условно и 5.000 евра казна.

Еид тврди дека тој работел на 7-от спрат од зградата кога бил повикан на 5-ти спрат кај принцезата за да поправи расипан мијалник. Тој тврди дека го фотографирал купатилото за да може да заврши работа, меѓутоа на една од фотките, во огледалото фатил и слика од принцезата.

По ова тој бил врзан од телохранителот и му било наредено да и ги баци стапалата на принцезата. Нему му било дозволено да си замине дури по неколку часа, откако му бил уништен телефонот, а наводно во еден момент принцезата извикала „убиј го кучето, не заслужува да живее“.

Одбраната на телохранителот е дека тој само притрчал во помош на принцезата која веќе била во караница со Еид, стравувајќи дека тој фотографира за сликите да им ги продаде на арапските медиуми.

13 септември 2019 - 12:26