Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и Емиратите ги прекинаа дипломатските односи со Катар

Саудиската државна новинска агенција објави дека Ријад ги затворил своите граници, прекинувајќи секаков копнен, воздушен или поморски контакт со Катар, со што речиси го изолираше кралството.

Објаснувањето на саудиските функционери е дека ова е направено за "заштита на националната безбедност од опасностите од тероризам и екстремизам".

Четирите арапски држави го обвинија Катар дека е виновен за дестабилизирање на регионот преку поддршка на ИСИС и други терористички групи.

Одлуката на следува само две недели откако властите на четирите држави одлучија да го блокираат пристапот до катарските новински сајтови.

Во меѓувреме Емиратите им дадоа 48 часа на дипломатите на Катар за да ја напуштат земјата. Абу Даби ја обвинува Доха за "поддршка, финансирање и прифаќање на тероризмот и екстремизмот". Исто така, од вторник Етихад ервејс, државната авио-компанија на Емиратите, ќе ги прекине сите летови до и од Доха.

Бахреин објави дека ги прекинува врските со Катар затоа што Доха "влијае на безбедноста и стабилноста на Бахреин и се меша во нивните работи".

Катар е избркан и од арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија кој се бори против Хутите во Јемен. Како причина за ова е наведено што "Доха има практики кои го засилуваат тероризмот" и им дава поддршка на групи како "ал-Каеда и Даеш".