САД префрлуваат нуклеарна технологија во Саудиска Арабија

Свиркачи на повеќе нивоа во Белата куќа предизвикаа сериозна загиженост заради нивните тврдеа дека во тек е префрлање на сензитивна нуклеарна технологија во Саудиска Арабија.

Тоа не само што е кршење на Актот за атомска енергија туку се одвива и без знаење и согласност на Конгресот, како што налага законот.

Свиркачите велат дека деловната атмосфера во Белата куќа ја карактеризира хаос, дисфункционалност и секакви подметнувања. Највисоките политички функционери се во различни конфликти на интереси и самоволно ги игнорираат сите предупредувања на нивните колеги задолжени за етички прашања.

Велат дека трансферот на нуклеарна технологија на така контроверзна адреса како што е Саудиска Арабија деновиве е и забрзана, во пресрет на посетата на таа земја на зетот на Трамп, Џеред Кушнер, закажана за идната недела.

Ваквата операција се одвива и покрај писмото од октомври минатата година, потпишано од Марко Рубио, Ренд Пол и уште неколкумина угледни републикански сенатори кои бараа Трамп да ги прекине преговорите за трансфер на потенцијално опасната технологија во С.А. заради основаните сомневања во „транспарентноста, одговорност и разумноста на донесувањето одлуки“ на таа држава.

20 февруари 2019 - 10:04