Пуштена најголемата брана на светот

Кинезите ја пуштија и последната турбина од браната Три Клисури, за чија изградба беше раселено население колку речиси половина Македонија.

Изградбата на најголемата по моќност брана на светот (22.400 мегавати, за споредба Ѓердап има 2.192 мегавати) чинеше вкупно 47,3 милијарди евра, а за нејзините потреби беа раселени вкупно 1,3 милиони луѓе.

Вчера беше пуштена 32-та (и последна) 700-мегаватна турбина, со што капацитетот на браната порасна на максималните 22,4 гигавати, со што снабдува 11% од вкупната кинеската потрошувачка на електрична енергија.

Изградбата на најголемата хидро-електрана на светот започна во 1994-та, а поврзувањето на првиот генератор на електричната мрежа беше во јули 2003-та. Досегашната работа на електраната, годишно на Кинезите им заштедува речиси 200 милиони тони јаглен.

Конечната сума за изградбата изнесува 32,4 милијарди евра, четири пати повеќе од процените, и уште 14,9 милијарди евра за "дополнителни работи."

Висината на браната на реката Јангце е 181 метар, а ширината 2,3 километри.

Сега Кина треба да обезбеди дополнителни 140.000 мегавати од хидроелектрани, за да ги исполни сопствените цели за користење обновлива енергија до крајот на 2015.

5 јули 2012 - 13:29