Прогресивниот Л.А. полека станува Грчец

Ако порано во 'Градот на ангелите' само Скид Роу беше место кое треба да се избегнува како кварт на зомбија (со огромен број бездомници од кои голем дел се наркомани и ментиши), последниве години цел град заличува на Скид Роу. Прогресивните лидери на органите на редот допрва ќе го забрзаат егзодусот од градот.

Окружното обвинителство на Лос Анџелес повеќе нема да гони низа прекршочни престапи, од отпор при апсење и поседување дрога до криминални заканувања, се вели во меморандумот објавен оваа недела од новиот тамошен јавен обвинител Џорџ Гаскоњ.

При полагање на заклетвата, Гаскоњ најави широк спектар реформи вклучително и тоа дека веќе нема да се бара смртна казна ниту пак засилени казни кога ќе сe утврди дека престапникот е член на банда.

Гаскоњ издаде меморандум до обвинителите кои се во негова надлежност со директиви и упатства за промeна на третманот на низа дела од понизок степен. Меморандумот ги наведува прекршоците кои треба да се одбиваат или да се отфрлат пред да дојдат во суд. Меѓу нив се:

- минување низ туѓ имот,
- нарушување на мирот,
- возење без дозвола или суспендирана дозвола,
- закани,
- поседување дрога,
- пиење на јавно место,
- талкање заради проституција,
- давање отпор при апсење и др.

Новите политики на градското обвинителство,  исто така го обесхрабруваат инсистирањето на парични казни за такви прекршоци, особено за сиромашните обвинети.

Една класична сцена од таму: доаѓа бездомник и со сиот свој крш се стационира на тротоар и на улица. Бидејќи се плашат од НВО-ата, полицијата не постапува да да ја ослободи улицата или недајбоже да го казни, туку само поставува портокалов сообраќаен конус, за возачите да го заобиколуваат:

Како изгледа спомнатиот Скид Роу, види во:

Л.А. има свое Баиро

Види и:

Политичките бегалци на Калифорнија

Џо Роган фаќа штрафта од ЛА и заминува во Тексас

6 декември 2021 - 15:09