Празен Њујорк

Опасноста од ураганот Сенди и превентивната евакуација на Њујорк, ненамерно создадоа некои од најневеројатните сцени во историјата на градот - Њујорк без луѓе.

Метрото во Њујорк беше затворено од 19.00 часот (на 28. октомври), исто како и станицата Гранд Централ која е главната станица во Њујорк.

Беше прекинат и најголемиот дел од автобускиот превоз во градот, а најголемиот дел од дуќаните и фирмите беа забарикадирани со вреќи песок кои требаше да помогнат во случај на евентуална поплава.

29 октомври 2012 - 11:11