Повеќе се на пендрек?

Во цела 2011-та, германската полиција на луѓе испукала вкупно 85 куршуми, или нешто повеќе од 3 куршуми на 2 недели. Зборуваме за цела Германија.

Најголем дел од овие куршуми не ни биле насочени кон некого. Од 85-те, дури 49 биле испукани во воздух како предупредување, а 36 биле испукани во човек. Од тие 36 повредени се 15 лица, а шестмина се убиени.

Од друга страна, Германците се истуриле од пукање во (болни и диви) животни, на што полицијата потрошила околу 9.000 куршуми.

Во меѓувреме, во САД каде што популацијата е речиси четири пати од онаа на Германија, 85 куршуми се трошат на една престрелка. Само во април, во Харлем полицијата испука 84 куршуми во еден осомничен за убиство, а во Лос Анџелес беа испукани 90 куршуми во невооружен маж.

11 мај 2012 - 10:31