Потемкинов бел снег

Со цел да ја заташкаат загаденоста на воздухот која беспоштедно беше е издадена од снегот, локални власти во Сибир почнале со фарбање на снегот со бела боја.

Станува збор за градот Миски во Кемеровската област кој е во близина на рудници за јаглен. Руските медиуми објавија снимки од тамошни жители како рацете им се бојат во бела боја откако ќе го пројдат снегот.

Локалните медиуми објавуваат дека во и околу градот има дефицит на бел снег заради загадувањето од рудниците за јаглен во регионот.

По објавувањето на веста, градските власти им се извинија на жителите за инцидентот. Освен што се извинија за „расипување на новогодишното расположение“, тие се откажале од следни вакви потези и наредиле чистење на бојата.

 

21 декември 2018 - 11:15