Пјонгјанг не прашува два пати

Во најразлични сообраќајни несреќи загинале околу 30 функционери на Северна Кореја, задолжени за преговори со југот, објавува Амнести Интернешнл.

30-та се казнети за неуспехот во преговорите, кои се најдоа веројатно на најниската точка во историјата на односите двете земји.

Во извештајот на организацијата се тврди дека дополнителни 200 биле уапсени во јануари, во истиот период додека власта се пренесуваше на новиот владетел.

Дел од овие 200 биле стрелани, а останатите биле испратени во работнички кампови.

Северна Кореја и до сега имаше навика да ги погубува бирократите за кои веруваат дека го "разочарале" режимот, дури и во случаи кога тие извршувале наредби на повисоки функционери или членови на владејачкото семејство.

28 мај 2012 - 09:10