Пијани германски војници пак паднаа на Хитлер

Околу 30 германски војници се отповикани од воените вежби во Литванија заради обвинување за расистичко и антисемитско однесување, надополнето со сексуално насилство.

Војниците беа во Литванија како дел од НАТО мисијата за заштита на Литванија, Латвија и Естонија, од Русија.

Дел од германскиот контингент во Литванија до толку се опиле во својот хотел што локалната полиција морала да интервенира.

Кога германската армија фаќа да го истражува овој инцидент тие откриваат дека војниците на претходна собиранка пееле роденденски песни за својот шеф од пред 70 и кусур години, Адолф Хитлер.

Освен што се обвинети за прекршување на својата војничка заклетва, тие се обвинети и навредување по расистичка и антисемитска основа, и покажување на екстремистичко однесување.

Проблематичноста во случајот со Литванија е што претходниот контингент на германски војници кои служеа таму како административци за време на Втората светска војна, ги извршија некои од најголемите и најдушмански злосторства над локалното население.

17 јуни 2021 - 14:08