Пекинг удри на бришење муслимански симболи и арапски букви низ градот

Халал ресторани и слични објекти во Пекинг добија наредба од локалните власти да ги отстранат сите арапски букви и симболи поврзани со исламот прикажани на нивните реклами и називи.

Објаснувањето што службениците им го даваат на сопствениците е дека „тоа се симболи на странска култура и дека треба да користат повеќе кинеска култура“.

Во Пекинг, според неофицијални бројки, има најмалку 1.000 халал продавници и ресторани, најголемиот дел од нив во муслиманските квартови на градот.

Дел од локалите што ги посетува Ројтерс, веќе го имаат заменето називот на арапски со кинески назив, а други само ги имаат покриено арапските букви. За сега не е јасно, дали наредбата ги има минато сите ресторани низ градот.

Процената е дека Комунистичката партија станува загрижена дека странското влијание врз религиозните групи во земјата се потешко може да се контролира.

1 август 2019 - 12:12