Падна Азовстал

Порачувајќи „на Украина и треба украинските херои да бидат живи“, Зеленски потврди дека над 260 украински војници од Азовстал им се предале на руските сили.

Од овие 260, 53 се тешко ранети и ќе бидат пренесен во болниците во Новоазовск, кој е под руска контрола. Останатите 211 се превезени во Оленивка, исто така под руска контрола.

Министерката за одбрана на Украина изјави дека сите војници се планира да бидат дел од поголема размена на затвореници со Русија.

Украинската војска ноќеска соопшти дека им „наредила на командантите на сите единици стационирани во Азовстал да ги спасат животите на своите војници“.

Во Азовстал останати се уште украински војници, меѓутоа не е познато колку ги има, кои сè единици и уште колку ќе останат во лавиринтите на железарата. За сега не се потврдија шпекулациите дека „Азовци“ го дале целиот овој отпор за да ги заштитат високите американски/британски генерали кои заглавиле во Азовстал.

И покрај останатите војници, синоќешната евакуација се води како „крај на најдолгата и најкрвавата битка во украинската војна“.

Снимки од предавањето на украинските војници:

17 мај 2022 - 10:06