Гладна кокошка развод сонува

Нема разводи за време на Рамазан

Врховниот верски авторитет во Палестина забрани раскинувања на бракови додека трае муслиманскиот пост со многу логично објаснување: гладен човек знае да носи избрзани и непромислени одлуки.

Палестински клерик со судски овластувања ги забрани разводите за време на Рамазан бидејќи луѓето влечат погрешни потези кога немаат јадено и пушено.

Махмуд ал Хабаш е прв човек на шеријатскиот судски систем на Палестинците и вели дека ваквата одлука ја донел врз основа на долгогодишното искуство кое му говори дека ускратени од храна и цигари, луѓето знаат да прават проблеми во врските и да донесуваат брзи и непромислени одлуки.

Во окупираните палестински територии, но и во Израел и Либан, само верските судови можат да склучуваат и раскинуваат бракови. На Западниот брег и појасот Газа годишно се склучуваат околу 50.000 бракови но има и околу 8.000 разводи.

„Кога ќе заврши Рамазан а луѓето ќе се најадат и напушат - бујрум“, препорачува Хабаш. 

31 мај 2017 - 11:15