Не е фашизам сè што не ви е по мерак

Уште пред гласањето во Италија луѓе прво дознаа дека потенцијалната идна премиерка на земјата е фашист, пред воопшто да разберат како се вика, а не па да чујат што има да каже, и тоа едноставно е погрешно, барем според нејзиниот најголем противник Матео Рензи.

Џорџа Мелони уште беше во изборна кампања кога и ја залепија етикетата „фашист“, за после првите резултати од ЕУ да и стигне титулата прва пост-фашистичка влада на Италија по падот на Мусолини.

Наспроти вака поставениот анти-Мелони фронт, застана еден од нејзините противници и поранешен италијански премиер Матео Рензи, кој на Си-ен-ен порача дека луѓе се расфрлаат со терминот фашизам.

„Лично зборувано јас бев против Џорџа Мелони. Јас не сум и најдобар пријател. Ние израснавме заедно во италијанската политика ама ние сме и ќе бидеме ривали. Секогаш.

Во исто време мислам дека таа не е опасност за италијанската демократија.

Таа ми е ривал, јас сум и ривал, ние ќе продолжиме да се бориме меѓу себе, но идејата дека сега има ризик од фашизам во Италија е апсолутно лажна вест.

Таа ги доби изборите, посебно заради популизам, кој многу пати победува во Италија,“ порача Рензи.

27 септември 2022 - 12:40