Наркобосот што е поефикасен од Епл

"Ел Чапо" Гузман, шефот на еден од најуспешните и најозлогласените нарко-картели во Мексико, кој паралелно со ужасите и стравот го создаде и еден од најефикасните синџири на снабдување во корпоративната историја.

На кратко, бизнис планот на Гузман се развива на следниот начин:

- Гузман прво се проширува во Централна и Јужна Америка, каде воспоставува бизнис партнерства за осигурување на директен пристап до еден од неговите примарни производи - кокаинот. Консолидирањето на куповната моќ му дозволува да го максимизира профитот од секој килограм кокаин продаден во САД, Европа и пошироко.

- Потоа оди во Азија, каде склучува сојузништва кои му гарантираат стабилен увоз на клучните хемикалии за метамфетамин.

- Гузман се проширува и во Африка и Европа (а некои веруваат и во Австралија), каде кокаин купен за 5.000 долари во Колумбија, може да се продаде за 250.000 долари.

- Во јануари 2011-та, мексиканските медиумите известија дека картелот на Гузман, почнал со купување на хероин во Авганистан за да ги снабдува зависниците низ САД, каде користи улични банди за дистрибуција на дрогата.

Во извештајот објавен од Вест Поинт, се објаснува дека Гузман ја искористил стратегијата за експанзија и доминација која се базира на принципите на "девијантна глобализација." (Терминот прв го употребува историчарот Нилс Гилман во 2011. а со него се опишува "скриена е моќна подземна економија, која глобално расте 2 пати побрзо од легалната економија. Големото комерцијално подземје ги наградува оние кои ги комбинираат традиционалните бизнис вештини со можноста да функционираат во сивата зона меѓу законите и органите кои нив ги спроведуваат.")

"Тој не сака да убива луѓе. Тој сака да прави пари и ги базира своите одлуки на рационално економско прејадување. Тој создаде глобален Волмарт на црната трговија, на кој може брзо да ги испорачува и продава своите производи," објаснува авторот на извештајот, Самуел Логан, од истражувачката компанија Southern Pulse.

Во Чикаго Гузман неодамна официјално беше прогласен за "Јавен непријател број 1." Единствениот друг човек во историјата кој имал оваа титула е Ал Капоне.

2 мај 2013 - 16:16