Мито во безвредни пари

Пари кои само личат на нешто што би требало да вреди, а чија номинална вредност е нула, е изненадувачки успешниот метод за намалување на корупцијата во Индија.

Кампањата е на организацијата 5-от Столб, која од 2007-ма до денес има дистрибуирано над 2,5 милиони лажни банкноти. Идејата е со банкнотите да се посрамат сите државни службеници и функционери кои бараат пари за да завршат некоја работа.

Сега слична кампања се подготвува во Аргентина, Непал, Мексико, Бенин и Малезија, а во Јемен кампањата ќе започне следната година. Во Јемен ќе се почне со делење на "искрени ријали" во училиштата и универзитетите, а првата транша треба да биде околу 5.000 банкноти.

На Економист им е јасно дека целата работа не е така безопасна како што изгледа.

"Ваквите кампањи можат да бидат ризични во земји каде што митото се вади под присила на оружје. Меѓутоа во места каде што јавното мислење веќе се менува, тие може да бидат корисен начин за присилување на бирократите да го сменат своето однесување. Шаазка Бејерле, експерт за граѓански кампањи, објаснува дека користењето на банкнотата од нула рупии нуди заштита. Таа покажува дека човекот е дел од поголемо движење кое не може да биде уништено од еден функционер," пишува Економист.

20 декември 2013 - 11:01