Кориснички жалби и здивување

По 20-минутно чекање да биде услужен од вработените на авто-салон, еден Русин решил сепак да влезе во салонот, со џип, преку излог.

40-годишниот доктор Михаил Кутсов чекал во еден од салоните на Нисан во Москва, Pelican Cars, каде требал да ја земе својата Навара од поправка.

Откако 20 минути мирно седел на рецепција, докторот излегол на паркингот, влегол во Сузуки Витарата која му била дадена на користење и преку излогот влегол во салонот.

Внатре, тој продолжил со возењето уништувајќи го цел салон и изложените автомобили.

Возачот бил уапсен откако џипот се заглавил меѓу два столба.

12 април 2012 - 09:51