Контејнери полни Ферари

Со помош на GPS, рент-а-кар компанија успеа да ја најде локацијата на украденото Ферари... на брод за Хонг Конг.

Ферарито од 280.000 долари било откриено во контејнер, на кој пишувало "користена фитнес опрема," сместен на брод кој од Лос Анџелес бил на пат за Хонг Конг или Виетнам.

Освен Ферарито (458 Italia), во контејнерите на бродот биле пронајдени уште 15 други луксузни автомобили, меѓу кои теренци од Мерцедес, БМВ 5 и Лексус, и едно Ауди Кватро. Вкупната цена на "пратката" се проценува на околу 1,5 милиони долари.

Бродот на кој се наоѓале автомобилите минатата недела по барање на американската царина, бил пресретнат и вратен од отворено море во пристаниште во Лос Анџелес.

Инаку, истата група која што се сомничи за кражба на автомобилите, се претпоставува дека до сега има пренесено барем 4 луксузни автомобили во Виетнам.

4 април 2012 - 19:50