Кони 100 милиони

Светскиот мир е неизбежен откако Kony 2012 ги победи Keyboard Cat и Numa Numa Guy и стана највирално видео во историјата.

Според компанијата Visible Measures, која го мониторира растот на кампањата, документарецот успеал за една недела да собере 112 милиони прегледувања.

Во вкупната бројка, на прегледувања на оригиналното видео, додадени се и статистиките за стотиците клипови од кампањата што се аплодирани на интернет. Тука се вклучуваат и верзиите преведени на француски, шпански, италијански и кинески.

За споредба, на Kony 2012 му требаа 7 дена за 100 милиони, на Susan Boyle 9 дена, на Rebecca Black за Friday и требаа 45, а на Charlie Bit My Finger 402 дена.

Експлозивната виралност на Кони 2012 се должи и на тоа што организацијата Invisible Children веќе има огромен број на следбеници на Фејсбук, ЈуТјуб и Твитер. За разлика од останатите вирални рекордери, ова видео беше по мерка на социјалните медиуми.

"Нивната нарација е направена да може да се стопи во 140 карактери а притоа да не се изгуби емотивноста кај луѓето. Тие создадоа порака која може да биде собрана во хаштаг," објаснува аналитичарката за социјални медиуми Дана Бојд.

13 март 2012 - 12:35