Конечно во Германија стана легално да навредиш странски лидер

Со почнувањето на 2018 е ставен крај на контроверзниот и ретко употребуван закон што потекнува од крајот на Втората светска војна според кој навредата на странски лидер претставува кривично дело.

Во тоа време донесувањето на законот е направено како дел од обидот на Германија да стекне што може повеќе доверба кај меѓународната заедница по Втората светска војна.

Законот речиси ќе останеше непроменет и заборавен доколку не беше Ердоган да се повика на него во 2016 откако беше исмеан од Јан Бомерман.

Германскиот комичар во своето телевизиско шоу прочита поема во која го критикува турскиот претседател, притоа нарекувајќи го „глуп, кукавица и стегнат“. По ова, тој ја дополни својата точка правејќи шеги дека Ердоган гледал порно со деца и учествувал во секс со животни.

Случајот против Бомерман беше повлечен истата година, а во февруари 2017 судот во Хамбург реши дека тој повеќе не смее на телевизија да ја повтори навредливата поема за Ердоган.

10 јануари 2018 - 09:58