Колумбо ситно брои во Америка

Основата по која во Америка се слави Денот на Колумбо е прилично очигледна. Основата по која народ почна масовно да бара укинување на празникот од година во година им станува поочигледен на се повеќе луѓе.

Мејн, Вермонт, Њу Мексико, Висконсин, Далас и Вашингтон ДЦ, се дел од сојузните држави и градови низ САД кои повеќе не го слават Денот на Колумбо, и наместо тоа го одбележуваат Денот на домородниот народ.

Проблемот со Колумбо е начинот на кој тој се однесува кон луѓето што ги „открива“, а тоа ја опфаќа бруталноста на луѓето кои ги команда, почнувајќи од ропство и силувања до инфекции кои уништуваат цели популации. Во САД ова го одбележува почетокот на крајот за општествата на староседелците на американскиот континент (истребување преку болести, зависност од алкохол и војни со Европејците кои почнуваат да го освојуваат нивниот континент).

Први околу празникот официјално се креваат властите на Јужна Дакота кои во 1990 го менуваат името на празникот во Денот на домородните Американци. Две години подоцна Беркли од Калифорнија станува првиот град што го брише од употреба називот Денот на Колумбо.

Дури и градови на кои ова им е „патронат“, како Колумбус во Охајо, бараат нови начини за прославување на денот, или пак едноставно не го слават, туку го тераат како кој било друг ден.

Освестувањето околу Колумбо не е најпријатно дочекано од Американците со италијанско потекло, кои се горди на своето сродство со истражувачот и неговиот придонес кон светската историја. Според нив веќе постои Меѓународен ден на домородното население одреден од О.Н. (9-ти август), а ноември во САД е месецот на американско-индијанското наследство. Што се однесува на злосторствата што му се припишуваат на Колумбо и неговите, нивниот став е дека тоа се „лажни приказни што луѓе ги слушаат, и потоа ги поврзуваат со Колумбо“.

15 октомври 2019 - 14:47