Кој сака да помогне против ковид-19, нека не става дезодоранс

Прво да нагласиме дека ова не е решение за ништо во животот, но берлинското претпријатие за јавен превоз ги замоли своите патници сред лето да престанат да користат дезодоранс под мишка, како сите би почнале да носат маски.

„Бидејќи луѓето мислат дека можат да ги носат маските под нос, решивме да бидеме построги,“ порача БВГ (Berliner Verkehrsbetriebe) на социјалните медиуми.

Иако носењето маска вистински врши работа само ако е и врз уста и врз нос, и како такво е пропишано како задолжително низ Германија, граѓаните често пати знаат да го избегнуваат како во продавници, така и во јавен превоз.

Желбата на БВГ е да го искористи својот долгодишен душман, телесната смрдеа на патниците во летните месеци, за да воведе ред и правилно носење на маските.

Моментално казната за неносење маски во продавници и јавен превоз во Берлин е 50 евра, а за повеќекратни прекршители може да порасне до 500 евра.

3 јули 2020 - 16:55