Кој победи во прва рунда?

Во дебата која беше политички еквивалент на гаѓање со храна, победник беше човекот кој заврши помалку размачкан со помија, пишува Би-би-си.

Процената на Би-би-си е дека „човекот на вечерта е Џо Бајден“ бидејќи успеал да им покаже на Американците дека може да издржи под притисок. Возраста на Бајден и неговите чести лапсуси се една од главните точки на нападите од Трамп.

Базфид пишува „беа потребни само неколку минути за хаосот да започне, и сите оние кои се приклучија да ја гледаат првата дебата од 2020 почувствуваа голем скок на стресот како што сите тројца мажи постојано зборуваа еден преку друг.“

За Си-ен-ен „Претседателот Трамп ја претвори својата прва дебата со противникот од демократите во хаотична катастрофа“.

За Фокс на дебатата и недостасувала каква било суштина и на моменти станувала лична, и иако го сметаат Трамп за јасен победник, крајната оценка е дека „ништо што се случило на сцената нема да промени ничие мислење, ниту пак кандидатите да добијат или изгубат гласови.“

Вашингтон пост вака ја спакува целата дебата во 3 минути: