Кога Кинезот ќе реши да тестира

 Вухан, епицентарот на глобалното пореметување на животот на оваа планета. За 10 десет дена извршиле 6,5 милиони тестирања за коронавирус.

Меѓу 14 и 13 мај, надлежните служби во Вухан успеале да извршат точно 6.574.093 тестирања за коронавирус. 

Здравствената комисија во градот соопшти дека само во саботата биле извршени еден милион и 146 илјади тестови, што е 15 пати повеќе од 14 мај кога започна кампањата за масовно тестирање на градската популација.

Акцијата се прави за подобро да се разберат асимптоматските случаи на болеста, особено по олабавување на рестриктивните мерки, отворањето на училиштата и враќањето на луѓето на работа и во секојдневниот градски живот. 

Рекорден бил 22 мај кога во градот од 10 милиони жители биле тестирани речиси 1,5 милиони луѓе. Приоритет имале луѓето во густо населените резидентни области на градот и оние кои живеат во места во кои претходно имаше регистрирано масовни кластери на заразени. Деца под 6 години не биле тестирани.

Пред оваа тестирачка офанзива, Вухан имал вкупно изведено околу 3 милиони тестирања на коронавирус. Акцијата се примила кај населението со голем ентузијазам и на луѓето од Вухан не им пречело долго да стојат во редовите за тестирање.

 

28 мај 2020 - 15:37