Ќе отиде ли некогаш кралицата Елизабета II во пензија?

Монарсите на Холандија и Белгија одлучија да се повлечат од престолот и да им дозволат на наследниците да дојдат на ред да владеат, во Британија кралицата Елизабета II за некој ден ќе добие правнук од син на својот син. Сите овие чекаат да владеат.

Кралицата има 87 години, од кои 61 година е на тронот, нејзиниот сопруг принцот Филип има 92 години и е сериозно болен, додека принцот Чарлс веќе ја има титулата на монарх по наследство кој најдолго време во историјата на Британија чека да дојде на престолот. Заради сето ова британските медиуми се повеќе зборуваат за абдицирање.

Од друга страна анкетата на лондонскиот YouGov, покажала дека 60% од испитаниците сакаат кралицата да остане на престолот до крајот на својот живот. За мнозинството кралицата се уште е "константа во свет кој постојано се менува, и редок пример на пристојност во свет преполн со скандали."

Кралскиот биограф Роберт Лејси, смета дека е тешко да се поверува дека кралицата би се пензионирала, посебно сега кога нејзиниот сопруг се опоравува од операцијата и се уште е жив. Иако и тој чувствува дека полека се прави притисок врз неа за конечно да му даде шанса на Чарлс. Слично мислење има и нејзиниот поранешен портпарол.

"На страна она што мисли јавноста, кај кралицата постои силна аверзија од абдицирање, која се базира на одлуката на нејзиниот чичко, кралот Едвард VIII да абдицира за да се ожени со Волис Симпсон. За кралицата овој потег беше одбегнување на официјална одговорност, и покрај тоа што токму оваа аболиција го донесе нејзиниот татко на престолот.

Нејзиниот поранешен портпарол, Дики Арбитер, потсетува дека кралицата е длабоко побожна и дека 'таа се гледа себе си како заколната да служи не само на луѓето, туку и на Господ,'" пишува Вашингтон Пост.

Најверојатното сценарио е дека кралицата полека ќе почне да ги предава своите задолженија на други, се до нејзината смрт.

"Пред вас прогласувам дека целиот мој живот, дали ќе биде краток или долг, ќе биде посветен на вашата служба и на службата на нашето големо кралско семејство на кое сите ние му припаѓаме," потсетува Арбитер на цитат од говорот на кралицата од 1947-ма.

13 јули 2013 - 15:59