Кинескиот план за Тајван е 140.000 војници и 953 бродови?

На интернет за прв пат протече аудио снимка од состанок на високи кинески воени функционери кои го разговараат планот за напад на Тајван или како што тие го водат „транзиција од нормално кон војна“.

Тајмс оф Индија тврди дека станува збор за автентична вирална аудио снимка од кинеската врхушка, меѓу кои се и генералниот секретар на комунистичката партија за Гуангдунг, провинцијата што е карши Тајван, заменик секретарот, гувернерот и заменик гувернерот.

Фокусот на состанокот е „уништување на борците за независност и започнување војна без колебање“, а во однос на транзицијата уште сега предлагаат отворање на заедничка цивилно-воена команда која ќе ја помогне целата организација.

Тие зборуваат и за мобилизацијата што би била објавена во Гуангдунг од источната и јужната воена зона.

„Прво, мобилизацијата во нашата провинција која ќе биде наредена од источната и јужната воена област, ќе вклучува 20 категории и 239 ставки, главно 1.359 единици од различен тип со вкупно 140.000 војници, 953 бродови од различен тип и 1.653 единици со различна опрема без екипаж.

Останатите ресурси вклучуваат 20 аеродроми, пристаништа и бродоградилишта, 14 центри за итен трансфер, и инфраструктура како силоси за жито, болници, резерви со крв, нафтени депоа, бензински станици итн.

Второ, националната канцеларија за мобилизација ќе регрутира нов воен персонал, пензиониран воен персонал и специјален талент со вкупно 15.500 луѓе од нашата провинција,“ пренесува Тајмс од Индија дел од снимениот разговор.

Толкувањето на Тајмс оф Индија на целата снимка е дека средбата повеќе е за да се разговараат „пред-воените подготовки“, отворен состанок за давање предлози и дискусија околу нив.

27 мај 2022 - 12:08