Како Обама заврши кај Галифијанакис

Некаде во јули луѓето на Обама се среќаваат со дел од луѓето што го прават Funny or Die, за да разговараат за тоа како да привлечат внимание на новиот Закон за здравствена заштита. Некој од Funny or Die го споменува Between Two Ferns.

Се до пред 3 недели тие не добиваат никаков одговор од Белата куќа во врска со средбата од минатото лето. Тогаш стига информацијата дека Обама ќе настапи на Between Two Ferns и тие да почнат да се подготвуваат. Режисерот на шоуто, Скот Окерман, и Зак Галифијанакис од претходно имаат чуено дека Обама веќе неколку години би сакал да биде гостин на шоуто.

"За мене најважната работа беше ова да не излезе како реклама. Навистина сакав да биде смешно, нормално Between Two Ferns видео. Најдобриот дел беше што Белата куќа гледаше да ни угоди во секоја смисла и не ни пречеше во процесот. Тие не сакаа да биде само некаква реклама, сакаа да биде забавно и да биде како што обично го правиме за луѓето да го гледаат. Секако, со Зак им пративме план за тоа како го планираме шоуто, тие го одобрија, отидовме во Белата куќа и ги снимивме," објаснува Окерман.

Иако од Белата куќа им имаат кажано дека Обама го има гледано шоуто, тие не се сигурни колку ова е точно. Она што им направило најголем мерак е што Белата куќа ги оставила да го снимат шоуто во ист дух како што е направено и за останатите гости.

Луѓето на Обама не побарале да се промени која било шега планирана за шоуто, а единствен проблем било што не можеле да го задржат претседателот подолго за снимање, заради што немало многу преснимувања туку речиси целиот материјал од снимањето е во клипот. На Обама најмногу му се направил мерак кога му спуштил на Галифијанакис за Бредли Купер, а генерално со претседателот било полесно да се работи отколку со голем број од филмските ѕвезди што гостуваат.

Што се однесува до промоцијата на Законот за здравствена заштита во видеото, според режисерот во шоуто постојано гостуваат ѕвезди кои се дојдени за да промовираат некој свој филм, албум или проект, така да ова воопшто не е нешто ново. Окерман смета дека ова е далеку подобар и попаметен начин да се испрати порака до младите отколку гостување на Обама на некое утринско шоу или на радио.

Во однос на критиките од опозицијата за тоа од каде Обама нашол време за снимање на видеото, Окерман објаснува "Претседател е, од каде наоѓа време за што било?"

12 март 2014 - 15:03