Како изгледа кога ќе пробаш да ставиш 1,3 милијарди луѓе во карантин

Наредбата за карантин во Индија важи за цела држава, само што пред наредбата цела држава не се наоѓаше на место на живеење според лична карта, ниту пак баш цел држава има „домашна адреса“.

Откако ќе се вратат дома, каде и да е тоа, Индијците ќе мора некое време и да останат таму, барем додека наредбата не се промени. За да помогнат во ова, Индиската железница објави дека за прв пат во 167 години постоење нема да работи.

Две бројки за индиската железница: во просечен ден во оптек има по околу 20.000 патнички возови, кои тргаат од 7.349 железнички станици низ Индија.

Иако за сега карантинот врши многу работа медицински, тој создаде сериозен проблем во секојдневниот живот на милиони Индијци на прагот на сиромаштија или веќе зацапани во неа, кои и пред коронавирусот буквално преживуваа од ден на ден, работејќи (повторно) буквално каква било работа.

6 април 2020 - 16:02