Излегување од култот ЕУ

Велика Британија мора да излезе од ЕУ не затоа што е таа е на умирање а нејзината повеќнационалност е осудена да се распадне како што тоа им се случи на Југославија, Австро-Унгарија или Чехословачка, туку затоа што таа организација е претворена во култ.

„На сите ни е јасно дека ЕУ зазеде ригиден и одмааздлив став во преговорите со Велика Британија бидејќи е ужасната од можноста и други земји да го следат нејзиниот пример. Лидерите на таа организација не сакаат членовите да напуштаат и ќе сторат сè да го спречат тоа. А тоа го прават со показна вежба кон оние што напуштиле за да им доловат како тоа оди на другите кои слично размислуваат. Тоа е суштинска карактеристика на секој вид култ,“ пишува Патрик Вест.

Како пример ја наведува неодамнешната изјава на Верховштад дека начинот на кој се водат преговорите со Британија е толку јасна порака што сега дури и популистите не смеат да спомнат напуштање на ЕУ.

На лидерите на култот како што е Јункер (Дрункер) им поминува нивното надмено и авторитарно однесување затоа што тие не се избрани и не одговараат на никаква гласачка база, смета колумнистот на Спајкд. На секое незадоволство тие реагираат за закани и малтретирање. Како  што неодамна забележа италијанскиот заменик премиер „ЕУ не ја научи лекцијата од Брегзит.“ Пред тој референдум се однесуваа со ароганција а и сега ништо не е сменето. Неодговорноста кон никого, европските лидери ги оддалечува од реалноста. 

„Гласањето за Брегзит беше само почеток. Бучава од незадоволство се слуша и во Унгарија, Италја, Грција а десничарските партии јакнат во Германија, Австрија и Шведска, сето тоа како одговор на тиранијата на овој полуден култ. Без никакво сомневање, ЕУ ќе одговори со уште повеќе диктат. И токму тоа ќе ја запечати нејзината судбина,“ пишува Вест.

19 септември 2018 - 09:57