Изгубени во концентрацијата

Ако ја читате статијава на работа тоа на ниту еден начин не значи дека сте мрзливи, само дека концентрацијата ви е на ниво на златна рипка. Без гајле, до работата е и не сте само вие.

Луѓето со канцелариска работа во просек не можат да издржат повеќе од 3 минути а да не се деконцентрираат од нешто во нивната околина.

Главна причина за ова не е тоа што денешните генерации се забушанти, туку тоа што "модерниот работен ден изгледа како да е специјално направен за да го уништи фокусот на вработениот," објаснува Рејчел Ема Силверман од Вол Стрит Журнал, според која главни осомничени за ова се:

- отворените канцеларии, кои се одлични за разговарање со колегите,

- непрекината плима од состаноци и мејлови,

- и веќе сеприсутните социјални медиуми.

Она што таа го дава како позитивна страна на целата работа е што според неа вработените побрзо би работеле кога би знаеле дека дел од денот и онака ќе го минат на трошење на времето.

Според пресметките на професорката Глориа Мак од Универзитетот во Калифорнија, која изучува "дигитални дистракции," по деконцентрирање на човек му требаат 23 минути за да се врати на колосек.

13 декември 2012 - 09:35