Италијанските расисти се посебен тип цвикатори

Парламентарец од италијанска крајно десна партија пред неколку години ја споредува италијанската политичарка Сесил Кјенге, прва црнкиња министер во италијанската влада, со орангутан. Кјенге на него и на неговата партија им порача дека се расисти. Сега истата оваа партија е на власт во Италија, и уште и памтат на Кјенге.

Северна Лига, денес ребрендирана само во Лига, од позиција на владејачка партија во Италија ја тужи Кјенге за клевета затоа што ја обвинила партијата за расизам.

На ова Кјенге одговара дека расизмот на Лига е очигледен, и дека таа има намера да се откаже од политичкиот имунитет само за да може да излезе на суд и да го докаже нивниот расизам.

„Абе имаат објавено слика од мајмун на која велат дека личи на мене. Ако тоа не е расизам, тогаш што е?“ прашува поранешната министерка за интеграција.

Фотошопирана слика од Кјенге во која таа е претставена како орангутан на Фејсбук ја објавува политичарот на Лига, Фабио Раниери, а пред него темата „орангутан“ во врска со Кјенге во 2013 ја споменува друг,  висок партиски функционер на Лига, додека истата година еден од присутните на митинг на Кјенге фрлаше со банани кој нејзе.

21 септември 2018 - 12:08