Илон Маск: Џо Бајден е воден од „идиот“

Извршниот на Тесла предупреди дека САД наскоро можат да заличат на Венецуела ако државата продолжи да печати пари. Илон Маск се сомнева дека Бајден е главен. По него, човекот кој го мислиме за претседател на САД е под контрола на оние кои му ги пишуваат говорите. А овој чита сè што ќе му биде напишано на телепромптерот. Ко Рон Бургунди.

Илон Маск жестоко удри по политиките на американската администрација која значајно ги зголеми трошоците на живот.

Тој тврди дека неконтролираното печатење пари за да се одржи илузијата на стабилност може Америка да ја донесе во ситуација да личи на Венецуела а американскиот претседател го спореди со Рон Бургунди, ликот од филмот Енкормен кој го игра Вил Ферел а кој чита сè што му пишува на телепромптерот („идиотот“).

„Вистинскиот претседател е оној кој го контролира идиотот. Патот до моќта е пат до идиотот“, рече Маск на еден подкаст.

Најјако е што Маск признава дека целиот свој живот гласал за Демократи но не може да премолчи дека сегашната администрација е неспособна и ја води земјата во погрешен правец, отворено признавајќи дека администрацијата на Доналд Трамп била далеку поефикасна од оваа на Бајден.

Исто како и Џеф Безос од Амазон пред него, и Маск смета дека Бајден е опседнат со синдикати и адвокати и дека со фискални маневри ја пумпа инфлацијата. Овие обвинувања Белата куќа ги толкуваше како реакција на нивните предлози за даночни измени по кои Безос и Маск ќе треба да плаќаат повисоки даноци.

За потсетување, Бајден неодамна се обиде да додаде дополнителни 3,5 трилиони долари во федералните расходи, што беше стопирано од демократскиот сенататор Џозеф Манчин. Но и вака САД имаат највисока инфлација во последните 40 години.

„Инфлацијата е регресивен данок и најмногу ги погаѓа оние кои имаат најмалку пари, а не богатите“, им објасни во еден твит Безос кој побара со тврдењата на Бајден да се позанимава новиот борд за дезинформации.

Но да го видиме ние Бајден, тоест „Јас сум Рон Бургунди?“

 

 

 

 

 

17 мај 2022 - 16:08