Хулиганите ги претепаа волонтерите во Вроцлав

На вториот натпревар на Евро 2012, Русија ја прегази Чешка со 4-1. Во исто време на трибините на стадионот, руските навивачи се судрија со редарите на натпреварот, кои ни од далеку не беа подготвени да се справат со нив.

Во видеото аплоудирано на ЈуТјуб од една навивачка група, не се објаснува точно во кој период е тепачката, ниту зошто групата од стотина навивачи ги нападна неколкуте волонтерите кои се задолжени за редот на трибините.

Вчера имаше и судир во Лоѓ каде група домашни навивачи нападна група на англиски и руски навивачи кои седеле во еден локален бар.

9 јуни 2012 - 12:38