Франција надвор од дома

Шестиот по големина француски град на светот почнува на "Л" завршува на "н" а помеѓу е "ондо." И воопшто не се наоѓа во Франција.

Во Лондон живеат повеќе Французи отколку во Бордо, Нант и Стразбур, заради што престолнината на Британија е шестиот најголем град со француска популација во светот.

Францускиот конзулат во Лондон проценува дека помеѓу 300 и 400 илјади Французи живеат во главниот град на Британија.

Инаку првите француски доселеници во Лондон биле протестанти прогонувани заради својата вера. Тие прв пат доаѓаат во 17-от век и се населуваат во Ист енд.

Според последниот попис, најголем француски град е Париз со 2,3 милиони жители, по него е Марсеј со 859 илјади, Лион со 488 илјади, Тулуз со 447 илјади и Ница на петтото место со 344 илјади.

30 мај 2012 - 15:10